Македонскиот шампион и претставник во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер, во среда (20:45) ја започнува својата европска авантура со големото дерби против Загреб во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Од клубот информираат дека продажбата на билетите започнува утре (сабота) во 10:00 часот. Цените се популарни:
🎟️ 450 денари за страничните трибини
🎟️ 550 денари за централните делови
Пелистерци со одлично расположение влегуваат во стартот на Лигата на шампионите. По триумфите во Супер Купот против Вардар и убедливата победа над Бутел на првенствениот старт, тимот на тренерот Гарабаја е максимално подготвен за првиот голем предизвик во елитното натпреварување.
Битола веќе живее за ракомет, а салата „Боро Чурлевски“ во среда се очекува да биде исполнета до последно место.