Ракомет

Вардар убедливо ја отвори новата сезона, Јапонецот Кавада блесна со девет гола

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Вардар 1961 на најдобар можен начин ја започнаа новата сезона во македонската Суперлига, откако на гостувањето кај Струга славеа убедлива победа со 38-25 (20-12).

По поразот во Суперкупот од Еурофарм Пелистер, избраниците на Иван Чупиќ брзо се консолидираа и покажаа дека остануваат главен фаворит за титулата. Иако настапија без неколку клучни играчи – Гоце Георгиевски, Јака Малус, Махамаду Кеита, Милош Валах и Вуко Борозан – вардарци доминираа од почеток до крај.

Домашните имаа минимално водство од 4-3 во 7. минута, но потоа „црвено-црните“ ја презедоа целосно контролата. Со брзи транзиции и сигурна реализација, Вардар ја зголемуваше предноста и на полувреме замина со комотни 20-12. Во второто полувреме гостите уште повеќе ја зголемуваа предноста, стигнувајќи и до плус 12 во 45. минута (30-18), а до крајот рутински го приведоа мечот кон убедлива победа.

Харуки Кавада, јапонското летно засилување, повторно се истакна како најопасно оружје на Вардар, завршувајќи со 9 погодоци од 11 обиди. Во листата на стрелците се впишаа уште десет ракометари на Вардар, што ја потврдува ширината на ростерот. Кај домаќините, Стефан Атанасовски беше најдобар поединец со 7 голови.

Со оваа победа Вардар ја најави сериозната борба за нова шампионска титула, додека Струга ќе се фокусира на главната цел – обезбедување опстанок и освојување што е можно повеќе бодови во регуларниот дел од сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во сезоната 2026/2027 ќе се натпреваруваат осум екипи. Новата сезона носи интересен...

Ракомет

Панов: Алкалоид е фаворит, но играме дома и сакаме да ги задоволиме сите со нашата игра

Младост со целосен фокус е на мечот од 4. коло на Супер лигата, во Богданци ќе го пречека Алкалоид во обид за изненадување...

Поврзани написи
Ракомет

Пејиќ: Ќе дадеме сè од себе против Алкалоид, публиката во „Млаз“ е феноменална!

В сабота Младост ќе го одигра натпреварот од 4. коло на Супер...

Ракомет

Македонија убедлива против Србија на стартот на „Трофеј Македонија“: Марковиќ со победничко деби

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го започна настапот на домашниот...

Ракомет

Црна Гора и Хрватска со реми на стартот на „Трофеј Македонија“ во Охрид

Со поделба на бодовите и резултат 20:20 започна новото издание на „Трофеј...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!