Прва лигаФудбал

Панче Стојанов си поднесе оставка од Брера Струмица!

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

АП Брера Струмица остана без шеф на стручниот штаб. Тренерот Панче Стојанов по само четири одиграни кола во новата сезона реши да поднесе оставка, при што нагласи дека неговата одлука е од лични причини и не е поврзана со резултатите на тимот.

„Оставката е лична бидејќи во моменталните околности не можам да ја реализирам мојата визија и планови со екипата. Верувам дека Брера има потенцијал и сум убеден дека со посветена работа може да се исполни главната цел, а тоа е опстанок во Првата лига“, изјави Стојанов по заминувањето.

Стојанов е долгогодишен дел од проектот на Академија Пандев, сега Брера Струмица, уште од неговите почетоци. Минатата сезона ја презеде екипата во пролетниот дел и успеа да го оствари главниот приоритет – да обезбеди опстанок во елитата. Со неговото искуство и познавање на тимот, беше голема надеж дека ќе продолжи да го гради клубот и оваа сезона.

Сепак, по воведните натпревари, одлучи да се повлече. Брера на гостински терен забележа ремија со Вардар (2:2) и Тиквеш (0:0), што навестуваше дека тимот може да биде конкурентен, но искусниот стратег сметал дека условите не се соодветни за да ја спроведе неговата спортска визија.

Со оваа одлука клубот од Струмица повторно е во потрага по нов тренер кој ќе ја преземе одговорноста и ќе се обиде да ја стабилизира екипата во продолжение од сезоната. Од управата на Брера се очекува наскоро да соопштат кој ќе биде новиот предводник на тимот или кој ќе ја има улогата на в.д. тренер до избор на ново решение.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Швајцарија пресилна за Македонија, убедлив пораз на стартот од Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација со пораз го започна новиот циклус во Лигата на нации. На Националната арена „Тодор Проески“, Швајцарија славеше со убедливи 3-0...

Кошарка

ВИДЕО: МЗТ Скопје со драматичен финиш до деветтиот Суперкуп

МЗТ Скопје Аеродром ја отвори новата сезона со трофеј, откако во возбудлив натпревар го совлада МКК Куманово со 70-68 и по шести пат...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Четири гола, но победник нема: Љуботен и Кораб ги поделија бодовите

Ран гол, пресврт и четири голови, но, сепак, немаше победник, Љуботен и...

Трета лигаФудбал

Без голови во Кичево: Напредок и Крошу Спорт ги поделија бодови

Воведниот меч од третото коло на Трета лига регион 5 не донесе...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Речица беше пред можност за победа, но Никола Ѓорѓиевски обезбеди бод за Пчиња

Воведниот меч од третото коло на Трета регион 2 заврши без победник,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!