РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Матеј Гаштаров: Одиме да победуваме и да донесеме радост на навивачите

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ги започна подготовките за новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2027.

Избраниците на селекторот Горан Станиќ квалификациите ќе ги отворат на 5 септември со гостување кај Полска во Краков, додека четири дена подоцна, на 9 септември, во Битола ќе ја пречекаат селекцијата на Италија.

Нашите млади фудбалери првиот тренинг го одработија на стадионот „Борис Трајковски“, а амбициите се јасни – борба за висок пласман и изненадување против фаворитите.

„Нормално е да се надеваме на големи работи и борба за првите места на табелата. Играме против две многу сериозни и квалитетни репрезентации, Полска и Италија. Од друга страна, како генерација имаме квалитет и мотив да одиграме најдобро. Подготвени сме, тимот е сплотен и секогаш сме среќни кога сме дел од националниот тим. Одиме да се надигруваме со сите, да победуваме и да донесеме радост на нашите навивачи,“ изјави младиот репрезентативец Матеј Гаштаров.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Фудбалски празник во Пепелиште – Победа и Вардар Неготино ги поделија бодовите

Вистински фудбалски празник донесе третото коло на Трета лига регион 4 во Пепелиште, откако се соочија Победа и ланскиот второлигаш Вардар Неготино, во...

ФудбалФутсал

ФОТО: Дебитантот КМФ Шутка 1 се подготвува за настап во Втората футсал лига на Македонија

Екипата на Шутка 1 ќе биде дебитантот во Втората футсал лига на Македонија, откако овој клуб пријави учество за настап за првпат во...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Швајцарија пресилна за Македонија, убедлив пораз на стартот од Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација со пораз го започна новиот циклус во Лигата на...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Македонија со победа над Хрватска до второто место на „Трофеј Македонија“

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на „Трофеј...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Седлоски со Гаштаров од првата минута против Швајцарија

Селекторот Гоце Седлоски го одреди стартниот состав на Македонија за вечерашниот натпревар...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Црна Гора ја совлада Србија, за трофејот во Охрид ќе „одлучува“ Македонија

Репрезентацијата на Црна Гора славеше над Србија со 20-19 во последниот натпревар...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!