ИнтернационалциФудбалФутсал

Форца со убедлив старт во квалификциите од Лигата на шампионите

Сподели
ФОТО: КФМ Форца
Сподели

Македонскиот футсал шампион Форца со стил ја започна прелиминарната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите. Во првото коло од групата А, избраниците на Газмент Исеини одиграа сигурен и доминантен меч, совладувајќи го Енкамп, тим од Андора со убедливи 0:4.

Македонскиот првак ја отвори средбата со водство од 0:1 по првото полувреме, а во вториот дел целосно ја презеде контролата врз играта. Со агресивен пристап и бројни шанси, Форца успеа да реализира уште три погодоци и заслужено стигна до првите три бода во групата.

Херој на натпреварот беше Јакуп Рамадани, кој се истакна со два погодоци, додека по еден гол постигнаа Берат Рамадани и Хесус Ривас.

ФОТО: Пред почеток на натпреварот Форца – Енкамп

Во следното коло, Форца ќе се сретне со тимот на Мурата од Сан Марино, меч кој се игра вечер од 20:30 часот, а групната фаза ќе ја затвори со дуел против Ереван од Ерменија.

Македонскиот шампион со ваков старт најави сериозна амбиција за пласман во следната рунда од елитното европско натпреварување.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ѓоргиев го доби дербито меѓу Саса и Тиверија Брера, Ристовски пресметката на Скопје и Љуботен

Делегирани судиите за втората рунда од Првата женска фудбалска лига. Сите натпревари се играат в недела, но во различна саатнина. Дербито на колото...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија го одработи првиот тренинг во Виена, во недела следува дуел против Австрија

По пристигнувањето во Виена и краткиот одмор, македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација вечерва го одработи и првиот тренинг во австриската престолнина. Избраниците на...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ѓоргиев го доби дербито меѓу Саса и Тиверија Брера, Ристовски пресметката на Скопје и Љуботен

Делегирани судиите за втората рунда од Првата женска фудбалска лига. Сите натпревари...

Прва лигаФудбал

Прволигашот Тиквеш се засили со млад македонски репрезентативец

Фудбалскиот клуб Тиквеш продолжува со реализација на својата стратегија за развој и...

Прва лигаФудбал

ВАР погреши, Шкендија оштетена: ФФМ најави санкции за судиите Трпчевски и Петковски!

Фудбалската федерација на Македонија призна дека е направена сериозна судиска грешка на...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со четири гола ја „потопи“ Брегалница и се врати на победничкиот пат

Екипата на Струга Трим Лум забележа убедлива победа на домашен терен, совладувајќи...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!