Прва лигаФудбал

Стадионот во Чаир не ги исполнува условите за натпревари од Прва МФЛ, ФК Шкупи мора да пријави алтернативен терен

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија, преку Комисијата за натпревари, ја информира јавноста дека ФК Шкупи е должен да пријави алтернативен стадион за одигрување на натпреварот од 4. коло во Прва МФЛ против ФК Вардар закажан за 29. август во 16:30 часот.

Согласно извршената инспекција и извештајот за инфраструктура, утврдено е дека стадионот во Чаир не ги исполнува минималните услови за организација на натпревари од Прва МФЛ, поради:

  • недоволно исполнети безбедносни услови за одигрување натпревари од Прва МФЛ согласно извештајот за инфраструктура;
  • несоодветна заштитна ограда на јужната трибина, во која има дупки и други небезбедни елементи што претставуваат ризик за учесниците на натпреварот (фудбалерите, официјалните лица и сите присутни);
  • неисполнети критериуми за примена на ВАР системот, односно нема соодветно струјно поврзување за ТВ репортажното возило;
  • незавршена една од трите потребни платформи за ТВ камери, како и неисполнети услови и соодветен простор за ТВ коментатори;
  • искршени клупи за резервни фудбалери кои не обезбедуваат минимални услови за фудбалерите и претставниците на клубовите;

Загрижува фактот што за време на инспекцијата на стадионот немаше присутен официјален претставник на ФК Шкупи. Единствено беа претставници на навивачката група „Шверцери“, кои покажаа ентузијазам и желба да помогнат во поддршката на клубот.

Сепак, доколку клубот навистина сака да ја реши ситуацијата, неопходно е да се појави официјален претставник кој јасно ќе ја соопшти намерата и чекорите што ќе се преземат. Ги повикуваме сопственикот и извршниот директор на клубот да се појават на стадионот во Чаир и да преземат мерки за нормално функционирање на ФК Шкупи. ФФМ, како и досега, ќе направи се што е потребно да му помогне на клубот, но истовремено потенцираме дека не смее да се дозволи натпревари, особено со висок ризик, да се играат во вакви услови.

Со оглед на сериозноста на утврдените недостатоци, ФК Шкупи нема можност да биде домаќин на стадионот во Чаир за натпреварот од 4. коло во Прва МФЛ против ФК Вардар.

Клубот има обврска најдоцна до крајот на денот да пријави соодветен алтернативен терен за одигрување на натпреварот. Комисијата за натпревари се надева дека за време на претстојната репрезентативна пауза, ФК Шкупи ќе најде начин да ги заврши сите потребни работи и стадионот во Чаир да добие дозвола за организација на натпревари од домашниот шампионат.

Сподели

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав на екипи, а во шампионатот ќе се натпреваруваат осум екипи, ексклузивно...

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев со пресврт до второто коло на Европското првенство за јуниори

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа да обезбеди пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери...

Поврзани написи
Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!