РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против Босна и Херцеговина

Сподели
ФОТО:ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на 4. и 6. септември ќе одигра два пријателски натпревари против Босна и Херцеговина. Првиот меч е закажан на стадионот во Радовиш, додека вториот, два дена подоцна, ќе се игра во Струмица на стадионот „Благој Истатов“.

Селекторот Ерхан Селими за овие пријателски средби ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Давид Илиоски (АП Брера), Онур Бешир (Тетекс), Павел Трајковски (Партизан, Србија)

Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Абдулах Аслани (Лунгби, Данска), Горазд Ристовски (Црвена Звезда, Србија), Давид Стојаноски (Браво, Словенија), Лука Атанасовски (Детонит), Андреј Мурџески (Вардар), Назиф Цека (Шкендија), Емир Шаботиќ (Вардар)

Среден ред: Каменчо Андоновски (АП Брера), Кренар Хоти (Работнички), Марко Киш (Сесвете, Хрватска), Ариф Локи (ХБ Коге, Данска), Ненад Дамјаноски (Домжале, Словенија), Виктор Делов (АП Брера), Адмир Љатифи (Осијек, Хрватска), Аритон Мехмед (Шкупи)

Напад: Игор Ристов (АП Брера), Дитмир Хоџа (Работнички), Стефан Младеновски (Црвена Звезда, Србија), Кадри Брути (Шкупи)

Овие пријателски средби се дел од подготовките на репрезентацијата за квалификацискиот турнир за пласман во Елитната фаза на Европското првенство. Турнирот ќе се одржи од 12 до 18 ноември во Португалија, каде Македонија ќе се соочи со домашната селекција, Белгија и Естонија.

Претходно, на 9 и 12 октомври, младинскиот тим ќе одигра два контролни натпревари против Црна Гора на гостински терен, како дел од подготовките за предизвиците кои следат.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!