Ракомет

РК Младост од Богданци слави 48 години постоење – приказна за успеси, историја и иднина

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Младост Богданци денес одбележува 48 години од своето основање – далечната 1977 година започна патување кое го трасираше патот на клубот до еден од најуспешните спортски колективи во југоисточниот регион на Македонија и меѓу најголемите имиња во македонскиот ракомет.

Со своите успеси низ годините, Младост стана препознатлив бренд, клуб што го прослави Богданци на домашната и европската ракометна сцена.

Историски моменти

  • 1986 година – прво место во Првата македонска лига и пласман во Втората сојузна лига на Југославија.
  • 10 години по ред – редовен учесник во европските купови.
  • 1996/97 сезона – најголемиот успех во историјата: пласман во четвртфиналето на Купот на победниците на куповите.
  • Епските натпревари со Морнар Бар, ремито со Сиудад Реал во Шпанија и историскиот гол на русинот Јарослав Сичев се врежани во колективната меморија на богданчани.

Современите достигнувања

Во поновата историја, Младост продолжува да се развива и да создава млади таленти:

  • 2016/17 – освоено прво место во Првата македонска лига.
  • 2020 година – по тринаесет години, враќање во Суперлигата.
  • 2020/21 сезона – историски успех: сениорите настапуваат во Суперлигата, а кадетите освојуваат сребрен медал и второ место во Македонија.
  • 2022, 2023 и 2024 година – редовно меѓу топ 3 екипи во Првата лига, со освоени бронзени и сребрени медали во младинските категории.

Денес, клубот располага со база од над 90 членови, млади надежи кои доаѓаат од повеќе градови и села во околината, со цел да ја продолжат традицијата и успехот на Младост.

Проектот Академија Младост

Во 2018 година, поранешниот репрезентативец и легенда на клубот Мите Стоилов, заедно со Никола Роглев и дел од поранешните играчи, го започнаа проектот РК Академија Младост. Целта беше враќање на стариот сјај на ракометот во југоистокот, преку создавање база на таленти и нивна едукација.

Проектот прерасна во денешниот РК Младост 1977 Богданци, кој останува симбол на градот и бренд со богата традиција.

Прослава со натпревар

По повод роденденот, вечерва љубителите на ракометот во Богданци ќе имаат можност да присуствуваат на натпреварот помеѓу РК Младост и РК Куманово.

Мечот се игра во спортската сала во Богданци од 20 часот.

Клубот ги повикува сите навивачи да дојдат и да бидат дел од прославата на овој значаен јубилеј.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!