Ракомет

ФОТО: Партизан со пресврт до петтото место на турнирот „Крсте Андоновски“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Српскиот шампион Партизан го освои петтото место на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако во возбудлив натпревар ја совлада словенечката екипа на Тримо Требње со 33-30.

Дуелот се одигра во високо темпо и понуди голем број на голови. Првиот дел мина во израмнета игра, а на полувреме Тримо имаше минимална предност од 18-16. Во вториот дел словенечкиот тим успеа да се одлепи на пет гола разлика, но Партизан реагираше навреме, ја консолидираше одбраната и со серија погодока направи целосен пресврт, кој го потврди во последните минути од мечот.

Со овој триумф Партизан го заврши турнирот на петтата позиција, додека Тримо Требње се пласираше шести. Претходно, во мечот за седмото место, екипата на Динамо Панчево ја совлада Киндил од Фарски Острови со 28-24 и го обезбеди седмото место, додека Киндил го зазеде осмото.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во продолжение на програмата, од 17:45 часот следува дуелот за третото место меѓу Вардар и Нексе, додека големото финале меѓу домаќинот Охрид и македонскиот шампион Еурофарм Пелистер е закажано за 20:00 часот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!