Турнири

Хотел Тино со 18 гола го „прегори“ Турист Инжинеринг, Аце Најдески и Дејан Војвода со убедливи победи во Волино

Сподели
Сподели

Вечерва турнирот во мал фудбал „Богородица Куп 2025“ што се игра во Волино донесе нова доза возбудливи дуели, спектакуларни голови и изненадувачки резултати.

Најголемата победа ја запиша екипата на Хотел Тино, која ја демонстрираше својата апсолутна доминација и славеше со убедливи 18:0 против Турист Инжинеринг. Со оваа победа, „Тино“ уште еднаш потврди дека е еден од главните фаворити за трофејот.

Во вториот натпревар, Мешеишта иако влегоа како аутсајдери, одиграа дисциплинирано и успеаја да слават со минимални 2:1 против квалитетната екипа на Кутмичевица Вевчани.

Во третиот меч вечерва, Аце Најдески ја продолжи својата одлична форма и славеше со 3:1 против Лаз Бун, додека вечерта ја заокружи тимот на Дејан Војвода, кој со високи 6:2 беше подобар од Оровник Танче Мирчески.

  • Распоред за утрешните натпревари (четврток, 21.08.2025)

20:00 Бел Мерцедес – Компани Стојкоски

21:00 Аце Најдески – Кутмичевица Вевчани

22:00 Ескобар – Искра

23:00 Др Баткоски – Плажа Канео

Очекувајте уште еден возбудлив ден исполнет со атрактивни голови и интересни пресврти. Турнирот во Волино продолжува да нуди врвен фудбал и голема неизвесност во борбата за пласман во завршницата.

Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан кој се игра во Волино.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

Уапсен е Муамед Сејдини – истрага за проневера од 700.000 евра!

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, утринава е уапсен во полициска акција спроведена од Министерството за внатрешни работи во координација...

Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за сезоната 2026/2027, што...

Поврзани написи
Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

Турнири

„Стоби Куп 2026“ – нов детски турнир што ветува фудбалска магија и идни таленти

Општина Градско во соработка со ГФК Неготино најавува организација на нов детски...

Турнири

(ВИДЕО) „Охрид Куп 2026“: Турнир каде секое дете е победник, медал за секој учесник!

Младинскиот фудбалски турнир „Охрид Куп 2026“, кој ќе се одржи од 18...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!