Ракомет

ФОТО: Еурофарм Пелистер извлече реми во трилер против Тримо Требње!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер одигра драматично 32-32 против словенечкиот Тримо Требње на вториот ден од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Натпреварот понуди вистинска ракометна битка, со пресврти, неизвесност и спектакуларен финиш, а бодот беше спасен во последните секунди.

Иако пелистерци настапија без капитенот Филип Кузмановски, голманот Никола Митревски, десниот бек Хосни, како и повредените Ристевски и Кузманоски, момците на Рубен Гарабаја покажаа голем карактер и борбеност.

Израмнето прво полувреме

Натпреварот започна со гол за гол, а по првите десет минути „зелено-белите“ поведоа со 6-4. Сепак, словенечките ракометари на Бранко Тамше вратија и на полувреме имаа минимално водство од 15-14.

ФОТО: Спортска Мрежа

Драма во второто полувреме

На стартот на вториот дел, Тримо ја искористи слабата одбрана на Пелистер и се одлепи на „+5“ (20-15). Но, битолчани не се предадоа. Дејан Манасков и Анжеј Видомски повлекоа во нападот, а голманот Саид Хеидарирад блескаше со неколку клучни одбрани. Пелистер се врати во игра и израмни на 25-25, внесувајќи нова доза неизвесност.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во финишот, македонскиот шампион поведе со 28-26, но Словенците не се откажаа и одговорија со серија за ново израмнување. Кога се чинеше дека Тримо ќе го однесе триумфот, на сцена стапи херојот на вечерта – Анжеј Видомски. Со силен удар од девет метри, Полјакот погоди во последните секунди и го спаси бодот за својот тим.

ФОТО: Спортска Мрежа

Следен предизвик

По ремито, Еурофарм Пелистер има еден бод и вечерва од 21:00 часот ќе го игра македонското „ел класико“ против Вардар. Натпреварот ветува нова ракометна драма, а охридската публика повторно ќе има што да види.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

„Одиме по првите бодови“: Чупиќ и Малус ја најавија битката со Нант!

По тесниот пораз од Мелсунген во премиерното коло, Вардар во среда ќе го одигра првиот домашен натпревар во новата сезона од Лигата на...

Трета лигаФудбалЧетврта лига

Од битолско село со 290 жители до две фудбалски екипи: Ношпал ја пишува својата фудбалска приказна

Во време кога многу средини се борат да ги одржат спортските клубови во живот, едно мало село во Општина Могила покажува дека за...

Поврзани написи
Ракомет

„Одиме по првите бодови“: Чупиќ и Малус ја најавија битката со Нант!

По тесниот пораз од Мелсунген во премиерното коло, Вардар во среда ќе...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!