Ракомет

Охрид го „растури“ Киндил – „гладијаторите“ покажаа сила и моќ!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Охрид со убедива победа над Киндил Торшавн од Фарски Острови го отвори меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ пред домашната публика, откако мечот го доби со убедливи 39:25.

Натпреварот помеѓу домаќинот на турнирот- Охрид и екипата на Киндил Торшавн започна со благо водство на охриѓани, па така, кон средината на првото полувреме, домашните водеа со 10:7 во ,, Билјанини Извори ”, пред својата публика.

На десетина минути пред крајот на првиот дел, Охрид поведе со 14:8, и тогаш за првпат во натпреварот домаќините имаа плус шест. До крајот на полувремето се редеа шутеви и одбрани на двајцата голмани, но домашниот тим цело време го одржуваше водството, па така на полувреме имаа резултат 21:13 во нивна корист.

ФОТО: Спортска Мрежа

По 37 минути игра, Охрид дојде до најголемо водство од десет гола разлика, односно резултат – 26:16. „Гладијаторите“ во вториот дел имаа постојана двоцифрена предност.

На крај конечниот исход беше превисока победа за Охрид од 39:25 над Киндил Торшавн кој немаше сили за расположениот и силен „гладијаторски“ тим.

ФОТО: Спортска Мрежа

За МВП на натпреварот беше прогласен Дејан Кукулоски од екипата на Охрид, во однос на стрелците, Гал Цирар имаше пет гола кај ГРК Охрид, кај екипата на Киндил, Тисе имаше шест погодоци.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Блажески со 15 одбрани го предводеше Охрид до осминафинале: „Овие два натпревари ги одигравме максимално!“

Охрид ја потврди својата европска амбиција и втора сезона по ред обезбеди место меѓу најдобрите 16 екипи во ЕХФ Европскиот куп. Актуелниот освојувач...

Ракомет

„Дробилицата“ Македонија ЃП го сомле Радовиш – втор тежок пораз по ред за радовишани, Вардар Неготино со нов триумф, славје и за Драчево Јуниор

Македонија Ѓорче Петров со убедливи 37:24 го совлада Радовиш и испрати јасна порака дека има квалитет за борба со екипите кои имаат амбиции...

Поврзани написи
Ракомет

Блажески со 15 одбрани го предводеше Охрид до осминафинале: „Овие два натпревари ги одигравме максимално!“

Охрид ја потврди својата европска амбиција и втора сезона по ред обезбеди...

Ракомет

ФОТО: Охрид меѓу најдобрите 16 во Европа – „гладијаторите“ со две убедливи победи го елиминираа Драгунас!

Ракометарите на Охрид продолжуваат со успешните настапи на европската сцена. Македонскиот суперлигаш...

Ракомет

Паунков: Победата над Струга ќе ни биде ветер во грб, нашата цел е сигурен опстанок

Синоќешната победа на Младост над Струга е силен ветер во грб за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!