Втора лигаФудбал

Утре на „Цвај арената“ пријателски меч меѓу Вардар Неготино и Преспа

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Утре на „Цвај арената“ во Неготино ќе се одигра пријателски натпревар меѓу второлигашот Вардар Неготино и Преспа од Ресен.

Натпревар за проверка на формата на двете екипи пред стартот на новата сезона. Преспа која подоцна започна со подготовките бидејќи и подоцна се приклучи на Втората лига, со оглед на тоа што беше неизвесноста до последно околу Беса дали ќе игра или нема да игра.

Тимот од Ресен склопува тим, се организира и преку пријателски натпревари ќе ја провери и формата.

Минатата сезона Вардар Неготино до последно водеше борба за опстанокот во Втората лига, а годинава поради кратењето на лигата испаѓаат дури пет екипи, а три играат бараж, па тоа ќе биде јасен сигнал дека второлигаши ги очекува тешка сезона.

Пријателскиот натпревар меѓу Вардар Неготино и Преспа се игра утре со почеток од 17:30 часот.

Новата сезона во Втората лига започнува на 23 август, а екипата на Вардар Неготино сезоната ја отвара против Тетекс на домашен терен, додека пак Преспа ќе биде домаќин на Шкендија Арачиново.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

БВК Коњаре со 12 гола го декласираше Перпарими Нигиштан, висок триумф и за Ржаничино

Екипата на БВК Коњаре со убедлива победа од 12:0 го декласираше дебитантот Перпарими Нигиштан на домашен терен, во воведен меч од 5. коло...

Трета лигаФудбал

Превалец ремизираше со Бучин, прилепска Победа со ОСУМ гола во Пепелиште, трите бода заминаа во Крушево

Прилепска Победа продолжува да нижи големи победи во Трета лига регион 4 откако со 0:8 славеше над Победа во Пепелиште во меч од...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

БВК Коњаре со 12 гола го декласираше Перпарими Нигиштан, висок триумф и за Ржаничино

Екипата на БВК Коњаре со убедлива победа од 12:0 го декласираше дебитантот...

Трета лигаФудбал

Поради неплатени картони, Вардар Неготино службено го загуби мечот со Борец

Борец доби службени три бода во натпреварот против Вардар од Неготино, откако...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Шампионот Проект убедливо ја отвори сезоната: Шест гола во мрежата на Јувентус Серава

Македонскиот футсал шампион Проект со убедлива победа ја започна одбраната на титулата,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!