Останато

Лина Ѓорческа го загуби финалето во Куршумлијска Бања

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја освои својата втора титула во 2025 година, откако денеска беше поразена во финалето на ИТФ W35 турнирот во Куршумлијска Бања, Србија, со награден фонд од 30.000 долари. Првата носителка на турнирот, Романката Мириам Булгару, славеше со пресврт и конечни 2-1 во сетови (5-7, 6-1, 6-0), во меч кој траеше два часа и 15 минути.

За Ѓорческа ова беше второ поединечно финале во 2025 година и вкупно 37-мо во нејзината кариера, во која досега има освоено 14 титули.

Првиот сет започна одлично за македонската тенисерка. Со агресивна игра таа направи еден брејк повеќе и поведе со 5:3, но Булгару успеа да се врати и израмни на 5:5. Сепак, Ѓорческа повторно ја крена играта на повисоко ниво и со прецизни удари успеа да го добие сетот со 7:5.

Од тој момент натаму, романската тенисерка ја презеде контролата врз мечот. Со доминантен настап и серија од шест последователни гемови, го освои вториот сет со 6:1, а потоа без загубен гем го заврши и третиот со убедливи 6:0.

И покрај поразот, Ѓорческа за пласманот во финалето ќе освои вредни 23 поени, кои ќе ѝ помогнат во напредокот на ВТА-листата. Таа веќе е пријавена и за настап на следниот турнир, повторно во Куршумлијска Бања, овојпат од рангот W75 со награден фонд од 60.000 долари, каде што ќе има нова шанса за титула.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
Останато

Ален Рустемовски со нокаут до полуфинале и борба за медал во Таранто!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во...

Останато

Хонтама ја елиминираше Ѓорческа во првото коло на УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја помине првата пречка во...

Останато

Ѓорческа денеска против Хонтама ги започнува квалификациите за УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!