Втора лигаФудбал

Беласица утре против Охрид под рефлектори на „Благој Истатов“

Сподели
Сподели

Утре во рамки на 3. коло од Втората македонска фудбалска лига еден натпревар ќе се одигра под рефлектори односно во вечерен термин од 20 часот.

Беласица по повод својот 102-ри роденден натпреварот против Охрид ќе го одигра под рефлектори на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Многу веројатно е дека овој натпревар и ќе биде единствен одигран под рефлектори, бидејќи останатите стадиони и не исполнуваат услови за натпревари во вечерни термини, на Градскиот стадион во Штип поради изградбата на новата трибина двата рефлектори се демонтирани, па ноќни натпревари во Штип би можело да има дури кон крајот на сезоната односно после април месец, доколку новата трибина биде готова.

Струмичани ќе бидат први кои во новата сезона ќе проследат второлигашки натпревар под рефлектори. По повод роденденот на Беласица се очекува многу публика, верните „ајдуци“ да приредаде шоу на трибините, се очекува да дојдат многу фудбалски легенди кои поминале низ струмичката фудбалска гордост како играчи, тренери или управи.

Натпреварот меѓу Беласица и Охрид се игра в недела од 20 часот.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!