Прва лигаФудбал

Хусеин Демири е слободен играч – пристигаат понуди на неговата адреса!

Сподели
ФОТО: Илхан Османи
Сподели

Хусеин Демири, еден од највпечатливите фудбалери на Башкими во минатата сезона е слободен, откако трансферот со косовскиот второлигаш Вуштри, не се реализираше.

Демири блескаше во дресот на Башкими, давајќи значаен придонес за пласманот на кумановскиот клуб во Првата македонска лига.

Демири сега е слободен и кариерата ќе ја продолжи во нова средина, а според формата која ја имаше од претходната сезона, но и претходно, сигурно е дека на адресата на овој искусен фудбалер ќе пристигнат понуди.

29-годишниот Демири претходно во Косово настапуваше за Феризај, Дуќагини и Призрен, а на меѓународната сцена играше и во Финска за тимот на Кеми. Во домашниот фудбал, тој го носеше дресот на неколку македонски екипи – Работнички, Македонија ЃП, Шкупи, Влазрими, Тетекс и Охрид.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Мега засилување на голот на шампионот: Проект се засили со Иван Стојановски – Шваба

Македонскиот футсал шампион Проект за новата сезона се засили со голманот на македонската репрезентација, искусниот Иван Стојановски – Шваба. 35-годишниот Стојановски во тимот...

Останато

ВИДЕО: Team Carvalho Macedonia организираше стручен семинар во Радовиш со Наде Ристов: Ново знаење и искуство за младите спортисти

Во спортската сала на клубот за бразилско џиу-џицу Team Carvalho Macedonia од Радовиш под водство на Методија Зајков денес се одржа стручен семинар,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мега засилување на голот на шампионот: Проект се засили со Иван Стојановски – Шваба

Македонскиот футсал шампион Проект за новата сезона се засили со голманот на...

ФудбалФутсал

ФОТО: Шампионот Проект ја започна втората фаза од подготовките

Македонскиот футсал шампион Проект ја започна втората фаза од подготовките, која се...

Втора лигаФудбал

Спиркоски се врати во Битола – Пелистер доби големо засилување пред стартот на сезоната

Второлигашот Пелистер продолжува интензивно да го комплетира играчкиот кадар за новата сезона,...

Втора лигаФудбал

Беласица подобра од Кожуф на пријателски натпревар

Второлигашите Кожуф и Беласица одиграа пријателски натпревар каде струмичани беа подобри со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!