Прва лигаФудбал

Огузан Ајдоган е нов играч на Башкими!

Сподели
ФОТО: ФК Башкими
Сподели

Огузан Ајдоган, поранешниот фудбалер на Гостивар, официјално е нов член на Башкими – новиот прволигаш од Куманово, кој активно се засилува за претстојната сезона во Првата македонска фудбалска лига. Ајдоган веќе беше претставен од клубот како едно од новите засилувања.

Германскиот интернационалец со турски корени минатата сезона одигра 28 натпревари во дресот на Гостивар и запиша пет погодоци. Пред да пристигне во Македонија, настапуваше за неколку клубови во Германија и Турција, меѓу кои се Алеманија Ахен и Карлсруе.

28-годишниот офанзивен играч за врска е дел од пошироката трансфер стратегија на Башкими, кој во летниот преоден рок веќе ги ангажираше и голманот Филип Купанов, крилниот фудбалер Фљамур Џелили, дефанзивецот Фарук Бихорац и нигерискиот напаѓач Иса Адекунле.

Со овие засилувања, клубот јасно ја покажува својата намера да биде конкурентен уште во својата прва сезона меѓу елитата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат, откако изминатиот викенд на легендарната патека „Словакиаринг“ во Словачка освои две...

Прва лигаФудбал

Стафа: Одиме максимално мотивирано за да извлечеме позитивен резултат

Башкими го остави зад себе лошиот старт на сезоната и серијата од пет последователни порази. Победите над Скопје и БВБ Коњаре во Купот,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стафа: Одиме максимално мотивирано за да извлечеме позитивен резултат

Башкими го остави зад себе лошиот старт на сезоната и серијата од...

Прва лигаФудбал

Ацковски: Кратово е незгодно гостување, но веруваме дека можеме до позитивен резултат

Со триумфот над Шкендија на гостински терен, екипата на Тиквеш покажа дека...

Втора лигаФудбал

Качевски ќе им суди на Камјани и Детонит, Пилешков на Пелистер и Охрид, Стојанов главен во Горно Лисиче

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од шестото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!