Втора лигаФудбал

ФОТО: Вардар Неготино ги започна подготовките со нова управа, нов стручен штаб со една цел – директен опстанок!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Вардар Неготино ги „запали моторите“ за новата сезона во која тимот ќе цели кон директен опстанок во Втората лига со оглед на кратењето на лигата и директното испаѓање на пет екипи, а три ќе играат бараж за опстанок, ќе биде вистински предизвик.

Клубот има сериозни промени – нова управа, но и нов стручен штаб, а ќе има неколку промени и во играчкиот кадар.

Откако беше одржан првиот состанок на стручниот штаб и играчите веднаш потоа се одржа и првиот тренинг со што беше означен стартот на подготовките.

Од клубот веќе замина голманот Кристијан Ѓорѓиевски за што претходно објави Спортска Мрежа.

Раководството веќе работи на договор за пријателски натпревари преку кои ќе се проверува формата за новата сезона, а која ќе започне на 23 август (сабота).

Во следниот период се очекува повеќе информации околу играчкиот кадар, потврда на истиот и промоција на нови засилувања, како и утврден распоред за одигрување на пријателските натпревари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У19 не успеа против Швајцарија, фокусот сега е кон Малта

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Б-лигата, репрезентацијата на Македонија загуби од Швајцарија со минимални 1:0. Избраниците на селекторот Димитар Капинковски имаа...

ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со своите помошници Милан Илиевски и Иван Јовановски, обезбедија пласман во финалето...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!