ИнтернационалциФудбал

Сараево доведе нов Македонец – Агон Елези потпиша до 2028 година!

Сподели
Сподели

Клубот од главниот град на Босна и Херцеговина продолжува да се засилува со македонски фудбалери. Откако поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски се врати во ФК Сараево, но овојпат како дел од раководството на клубот, тимот веќе ангажираше двајца македонски играчи. Прв беше Стефан Ристовски, а денес и официјално беше претставен и Агон Елези.

Македонскиот репрезентативец потпиша договор со „бордо“ тимот до 2028 година, откако претходно ја раскина соработката со германскиот Бохум. Елези минатата сезона беше на позајмица во хрватска Горица, но по враќањето во Бохум не доби шанса за поголема минутажа, по што одлучи да ја продолжи кариерата на Балканот.

 24 годишниот Елези зад себе има интернационално искуство настапувајќи за неколку клубови во француски Каен, албански Скендербеу и хрватски Вараждин, а со добрите настапи во Вараждин си обезбеди трансфер во Германија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У19 не успеа против Швајцарија, фокусот сега е кон Малта

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Б-лигата, репрезентацијата на Македонија загуби од Швајцарија со минимални 1:0. Избраниците на селекторот Димитар Капинковски имаа...

ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со своите помошници Милан Илиевски и Иван Јовановски, обезбедија пласман во финалето...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!