Турнири

Фреит Оне против Фенербахче Кичево во големото финале на турнирот во Конче!

Сподели
Сподели

Турнир во мал фудбал „Петровденски турнир“ во Конче влегува во самата завршница. Во полуфиналните натпревари одиграни вечерва, екипата на Фреит Оне славеше над Фурна Марфи со 7:3, додека во „фенербахчевото“ дерби, Фенербахче Кичево беше поуспешен од Фенербахче Струмица со 8:5.

Во првиот меч Фреит Оне воопшто не дозволи момент да противникот се наметне, додека пак во вториот меч Фенербахче Кичево стигна до триумф вреден пласман во финалето, но налета на силен отпор од противникот.

Публиката која и вечерва даваше силна поддршка од трибините уживаше во допадлив фудбал, шанси и погодоци, за комплетно уживање во полуфиналната вечер.

  • Финална вечер – недела, 13 јули:

21:00 часот Натпревар за 3. место: Фурна Марфи – Фенербахче Струмица

22:30 часот ГОЛЕМО ФИНАЛЕ: Фреит Оне – Фенербахче Кичево

Турнирот го организира ФК Серта, а публиката повторно ќе има можност за награди и изненадувања. Финалната вечер ветува вистински фудбалски спектакл под рефлектори во Конче!

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан, а утре од големото финале ќе ви ја доловиме атмосферата со видео материјал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!