ИнтернационалциФудбал

УЕФА ги одреди судиите за клучниот дуел на Шкендија против ТНС – ќе има и ВАР технологија

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Шкендија со активен резултат од 0:0 ќе го пречека велшкиот ТНС во реваншот од првото квалификациско коло на Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одигра на 15 јули (вторник) со почеток од 20:00 часот.

Од УЕФА назначија казахстанска судиска четворка за овој значаен дуел.

Главен судија е Сајат Карабајев, негови асистенти ќе бидат Јуриј Тихонук и Дмитриј Белоградов, а четврти судија е Арман Исмуратов.

Главен ВАР-судија ќе биде Мајкл Сејлсбури од Англија, асистент во ВАР-собата ќе му биде Данијар Саки од Казахстан.

Тетовци ќе ја имаат поддршката на домашната публика и ќе се обидат со победа да обезбедат пласман во второто коло и да продолжат со европската авантура.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!