ИнтернационалциФудбал

УЕФА ги одреди судиите за реваншите во Конференциската лига – Велшани, Белоруси и Молдавци ќе делат правда на натпреварите на македонските тимови

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Европската куќа на фудбалот – УЕФА – ги назначи судиите за реванш-натпреварите од првото квалификациско коло во Конференциската лига, што ќе се одиграат на 17 јули (четврток).

Вардар, единствениот македонски тим кој славеше во првите натпревари, по убедливите 3:0 против Ла Фиорита, ќе гостува во Сан Марино, каде што правдата ќе ја делат судии од Велс. Главен арбитар е Арон Вил Џонс, а ќе му помагаат Мартин Робертс и Џордан Ли Кристофер, додека четврти судија ќе биде Брин Давид Маркам-Џонс.

Силекс, кој има тешка задача против Дечиќ од Црна Гора, ќе игра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Натпреварот ќе го суди белоруска судиска четворка на чело со Виктар Шимсик, а ќе му помагаат Сјархеј Касавиеч и Антон Хусиеу, додека четврти судија ќе биде Ихар Шумилау.

Работнички ќе се обиде да го сврти резултатот против грузискиот Торпедо на домашен терен – на Арената „Тодор Проески“. УЕФА за овој меч одреди молдавска судиска четворка, предводена од Ион Орлич, со асистенти Анатолиј Басиул и Денис Оала, а четврти судија ќе биде Станислав Леу.

Македонските претставници ќе се борат за пласман во следната рунда од квалификациите, а верната публика ќе биде нивниот најсилен сојузник во овие клучни реванш-средби.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!