Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 доведе 202-сантиметарски џин – 15-годишниот Илијевски нов десен бек!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 продолжува со реализација на својата стратегија за градба на тим составен од перспективни млади македонски ракометари.

На списокот со нови имиња денес се приклучи еден од најголемите млади таленти на својата позиција – Илија Илијевски, кој потпиша долгорочен договор со клубот до јуни 2029 година.

Иако има само 15 години, Илијевски веќе се издвојува со своите физички предиспозиции, бидејќи е висок 202 сантиметри, а според стручниот штаб станува збор за ракометар со огромен потенцијал за развој. Тој во Битола пристигнува од Вардар Неготино – клубот во кој го направи првиот ракометен чекор.

Младиот десен бек ќе му биде ставен на располагање на тренерот Александар Зарков уште на почетокот на подготовките за новата сезона 2025/26.

Со овој потпис, Еурофарм Пелистер 2 јасно ја покажува визијата за иднината – создавање на силен тим заснован на млади домашни сили кои во следните години би можеле да бидат носители и во првиот тим.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!