Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот ЖФК Љуботен се подготвува во Златибор – се подобрува и инфраструктурата

Сподели
ФОТО: ЖФК Љуботен
Сподели

Македонскиот шампион ЖФК Љуботен започна да ја реализира втората фаза од летните подготовки во Златибор, Србија.

Тетовскиот тим на 25 јуни ги започна подготовките за новата сезона, а сега втората фаза се реализира во Златибор, а фудбалерките пристигнаа на 7 јули.

Во рамки на главната фаза од подготовки закажани се два пријателски натпревари со екипата на Брезница, а пак на 20 јули ќе го пречека шампионот на Малта, а тоа ќе биде воедно и генералка пред првиот меч од квалификациите за Лигата на шампиони на 30 јули.

Паралелно со подготовките на тимот се врши и подобрување на инфраструктурата со темелна реконструкција на базата мотел „Плави“, со што треба да се добијат комплетно реновирани соби и ресторан, каде ќе бидат сместени фудбалерките и ќе имаат подобри услови и за исхрана.

ФОТО: ЖФК Љуботен

Дополнително се врши и реконструкција и на соблекувалните и на теренот во село Желино, со што ЖФК Љуботен се стреми да обезбеди одлични услови за тренинг на сите категории.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!