Турнири

Во тек е пријавувањето за Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2025“ во Дебреште

Сподели
Сподели

Започна пријавувањето за едно од најочекуваните спортски случувања во регионот – меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2025“, кој традиционално се одржува во чест на Алмир Ибески во прилепското село Дебреште.

Пријавите се веќе во тек, а сите заинтересирани екипи можат да се пријават најдоцна до 24 јули 2025 година (до 19:00 часот). Веднаш потоа, во 20:00 часот, ќе се одржи ждрепката за натпреварите.

Турнирот започнува на 26 јули 2025 година, а бројот на екипи е ограничен на 32, поради што се препорачува навремено пријавување.

  • Наградниот фонд годинава изнесува вкупно 410.000 денари, распределени на следниот начин:

Прво место – 240.000 денари

Второ место – 100.000 денари

Трето место – 60.000 денари

Четврто место – 10.000 денари

  • Дополнително, ќе бидат доделени и индивидуални признанија:

Најдобар играч – 6.000 денари

Најдобар голман – 4.000 денари

Котизацијата по екипа изнесува 8.000 денари, а натпреварите ќе се играат со професионални судии и според бод систем.

За пријавување и повеќе информации, обратете се кај Ерсан Алиоски на телефонскиот број 071 833 620.

И оваа година, продолжува успешната соработка со Спортска Мрежа, која повторно ќе биде медиумски покровител на турнирот, обезбедувајќи професионална медиумска покриеност и редовно информирање од сите натпревари. Подгответе се за уште едно незаборавно фудбалско лето во Дебреште!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Турнири

Бирлик Конче со убедлива победа над Хасан Бум на турнирот „Конче 2026“

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ се одиграа два ревијални...

Турнири

АСП Пак до службена победа, Кафе Бар Слобода и Етно ресторан Дедо Димо ги „искинаа“ мрежите

Вечерва се одиграа два од три натпревари на турнирот во мал фудбал...

Турнири

Озан Ајаз го освои турнирот „Црнилиште Куп 2026“, мечот за трето место се решаваше на пенали

Екипата на Озан Ајаз е победник на овогодинешното издание на турнирот во...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!