Втора лигаФудбал

Охрид со нови три засилувања: Димитриевски, Глигоров и Кофиловски во дресот на клубот со амбиции за Прва лига!

Сподели
Сподели

Второлигашот Охрид гради тим со кој ќе сака да атакува на влез во Првата македонска фудбалска лига, оваа сезона само шампионот ќе има директен влез, додека пак вториот и третиот ќе играат бараж за влез во елитата.

Охрид веќе претстави неколку засилувања, за што веќе информираше Спортска Мрежа, но сега според нашите информации Охрид се засилува со уште три засилувања, се работи за Леонид Кофиловски, Димитриј Димитриевски и Иван Глигоров, а кои засилувања Охрид ќе ги промовира во следните денови.

20-годишниот Кофиловски во Охрид доаѓа од Победа и ова ќе биде негов прв трансфер со оглед на тоа дека од 2017 година тренира и го носи дресот на прилепската фудбалска гордост, а фудбалските чекори ги направи во Пандев Талент од Прилеп. Се работи за млади и талентиран фудбал во кој има огромен потенцијал, а игра како централен дефанзивец.

Димитриевски кој има 23-години во Охрид доаѓа од редовите на Брегалница, а го носеше дресот и на Кит Го од Пехчево, Македонија ЃП, а има настапувано во младинските категории на Њу Старс, Академија Нацев и Борец Јуниор од Велес.

Левото крило од Велес во Брегалница беше еден од стандардните играчи, а во сезона 2021/2022 го освои Купот на Македонија со Македонија ЃП.

21-годишниот Глигоров кој игра во офанзивните позиции во средниот ред во Охрид доаѓа исто така од Брегалница од Штип. Младиот и талентиран фудбалер својот фудбалски развојот го калеше на интернационална сцена уште на 15 години беше дел од италијанската Перуџа, а потоа се пресели во младинскиот тим на Национал во Португалија, од каде се врати во Штип настапувајќи за Брегалница.

Глигоров има настапи за младите репрезентации на Македонија до 15 и 17 години.

Претходно, како што веќе информираше Спортска Мрежа, Охрид се засили со браќата Стојан и Димитриј Попоски, голманот Дамјан Серафимов и Андреј Симовски.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!