Втора лигаФудбал

Анатолиј Петејчук ново засилување во нападот на ФК Беласица!

Сподели
ФОТО: ФК Беласица
Сподели

Фудбалскиот клуб Беласица продолжува со засилувањата пред стартот на новата сезона, а ново име кое ќе го засили тимот е Анатолиј Петејчук. Трансфер кој пред неколку дена го најави Спортска Мрежа.

Петејчук е роден во 2002 година и настапува на крилните позиции, при што може да покрие и лево и десно крило, благодарение на својата брзина, агилност и технички способности. Тој во својата кариера помина низ екипите на Вардар и прилепска Победа на домашна сцена, а има и настапувано за екипи во Германија како и хрватскиот тим Граничар.

Со неговото пристигнување, Беласица добива играч со меѓународно искуство кој би можел да биде значајна алатка во офанзивната транзиција на тимот. Тренерскиот штаб верува дека Петејчук ќе донесе дополнителна динамика и ќе ја зголеми конкуренцијата во офанзивниот дел, што е особено важно во пресрет на серијата важни натпревари кои ги очекуваат струмичани.

Клубот продолжува активно да работи на формирање конкурентен состав, со јасна цел да обезбеди повисок пласман и стабилност во прволигашката конкуренција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!