Прва женска фудбалска лигаФудбал

Прволигашот ЖФК Истатов се засили со младата и талентирана Весна Милојевиќ

Сподели
Сподели

Прволигашот Истатов за новата сезона во Првата женска фудбалска лига промовираше ново засилување. Се работи за 15-годишната талентирана Весна Милојевиќ, која доаѓа од редовите на второлигашот Борец од Велес.

Милојевиќ важи за голем фудбалски талент, а која сега ќе има голема можност за напредок во својата кариера, во клубот кој е предводен од искусниот стратег Кирил Изов.

ЖФК Истатов годинава прославува десет години од своето постоење, клуб посветен на развојот на младите фудбалски таленти со правилна селекција и одлична, темелна работа, а клуб кој во минатото ја има освоено шампионската титула и Купот на Македонија.

Спортска Мрежа во следниот период ќе реализира емисија посветена на ЖФК Истатов, почетоците, успесите, развојот на клубот и една целосна ретроспектива на сите случувања во овие десет години, како и за плановите во иднина.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!