Втора лигаФудбал

Лука Георгиев се раздели со Брегалница – кариерата ќе ја продолжи во нова средина!

Сподели
Сподели

Младиот и перспективен фудбалер Лука Георгиев кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако реши да си замина од Брегалница по само една полусезона.

Георгиев во штипскиот второлигаш пристигна од редовите на Детонит Плачковица, за Брегалница настапуваше во пролетниот дел, а претходно есенскиот дел од минатата сезона во го помина во радовишкиот тим.

21-годишниот играч од среден ред има прволигашко искуство настапувајќи за Брера Струмица, а има настапувано и за Осогово од неговиот роден град Кочани.

Георгиев има и меѓународно искуство настапувајќи за екипата на TSV Havelse од Германија.

Тој е слободен агент и кариерата ќе ја продолжи во нова средина, а според информациите на Спортска Мрежа тој е на радарот на неколку екипи од македонскиот шампионат.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!