Останато

Лина Ѓорческа со победа стартуваше на турнирот во Германија!

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на ИТФ турнирот во Ашафенбург, Германија, кој се игра за награден фонд од 40.000 долари. Во првото коло таа ја совлада домашната претставничка Јоси Димс со 2-0 во сетови, 6:3 и 7:6 (7:5), по 100 минути игра.

Ѓорческа беше поефикасна во реализацијата на брејк топките (6/8), за разлика од Димс која искористи 5 од 9 можности. Македонската тенисерка освои вкупно 74 поени, десет повеќе од противничката (64).

Првиот сет мина во знакот на Ѓорческа која брзо ја презеде контролата и го затвори со 6:3. Во вториот сет водството неколку пати менуваше страна, но Ѓорческа остана смирена и во тај-брејкот поведе со 4:1, па 6:3, за конечно да ја искористи третата меч-топка и да обезбеди пласман во второто коло.

Во следната рунда Ѓорческа ќе се сретне со втората носителка на турнирот, Хрватката Тара Вурт, која во првото коло ја елиминираше Германката Теса Јохана Брокман со 2-0.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!