Ракомет

Охрид и Алкалоид максимални во ракометната Суперлига

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По четири одиграни кола во ракометната Суперлига екипите на Охрид и Алкалоид го делат врвот од табелата со по осум бодови.

Двете екипи имаат четири од четири на стартот од новата сезона.

Вардар и шампионот Еурофарм Пелистер имаат по три победи и по еден пораз и со по шест бодови го делат третото место.

Бутел и Пролет имаат по четири бодови и ја делат петтата позиција, а пак Тиквеш и Прилеп со по три бодови ја делат седмата позиција.

Куманово е деветти со два бодови, а толку бодови има и дебитантот Бесинов од Велес и Струга која е претпоследна.

На дното е повратникот Радовиш без освоени бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Ѓорческа денеска против Хонтама ги започнува квалификациите за УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов УС Опен. Таа во првото коло од квалификациите ќе игра против...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со втор пораз во Таранто, Косово славеше со 1:3

Женската сениорска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на Медитеранските игри во Таранто. По неуспехот против Турција на стартот, избраничките на...

Поврзани написи
Ракомет

Прилеп го совлада Тиквеш и го освои турнирот „Миле Нешкоски“

Ракометари на Прилеп го совладаа Тиквеш со резултат од 36:29 и го...

Ракомет

Кузмановски го предводеше Пелистер до победа над Партизан

Филип Кузмановски имаше блескава вечер во „Боро Чурлевски“ и со 15 погодоци...

Ракомет

Од Богданци до Прилеп: Томица повторно со Младост, најверниот фан не пропушта натпревар

Ракометниот клуб Младост од Богданци има нешто што секој клуб би го...

Ракомет

Текстилец УГД подготвен за новата сезона, промовирани Табаков, Таневски, Миленков и Стојанов

Ракометниот клуб Текстилец УГД влегува во завршната фаза од подготовките за новата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!