Турнири

Неизвесни натпревари и тесни победи – Фреинт Оне до минимална победа!

Сподели
Сподели

Петровденскиот турнир во Конче пополека влегува во завршната фаза од групната рунда, а секој натпревар носи нова доза неизвесност, пресврти и клучни бодови кои ќе решаваат кој ќе обезбеди пласман во елиминациите. Во изминатите два дена се одиграа неколку важни дуели во сениорската лига, како и уште два интересни натпревари во младинската категорија.

  • Сениорска конкуренција:

Фреит Оне – Ресторан Гринс 1:0
Минимална, но важна победа за екипата на Фреит Оне, која го зацврсти својот статус како фаворит за пласман во следната фаза.

Рент а Кар Меда – Изведен Ораовица 3:2
Возбудлив натпревар кој се решаваше до последниот свиреж. Рент а Кар Меда славеше во неизвесна битка и запиша нови три бода.

Рент а Кар Меда – Пешо Инженеринг 3:0
Втор убедлив триумф за Рент а Кар Меда, со што оваа екипа се профилира како сериозен кандидат за елиминациите.

  • Младинска категорија:

Лепотани Конче – Конче 3:5
Натпревар исполнет со голови и офанзивна игра, во кој тимот на Конче излезе како победник.

Конче – Кристофер Киснер 3:1
Конче продолжи со одличната серија и во вториот натпревар, совладувајќи го составот на Кристофер Киснер со сигурни 3:1.

Турнирот се приближува до елиминациската фаза, а тимовите сè уште водат тесна битка за пласман во следната фаза.

Спортска Мрежа останува на лице место како медиумски покровител, со секојдневни извештаи, анализи и резултати од најголемиот спортски настан во општина Конче.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на Каменица Саса, а главната цел на двете страни во новата сезона...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто 2026“, каде што во групната фаза ќе се соочи со Мароко,...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!