Турнири

Групната фаза завршена – следува елиминацискиот дел на „Петровден 2025“!

Сподели
Сподели

Комплетирана групната фаза на јубилејното 50-то издание на турнирот „Петровден 2025“ во Мешеишта. Последните мечеви донесоа драма и финални одлуки кои ги комплетираа осумте осминафинални парови.

Сатеска триуфираше сигурно над Гранит Х со резултат од 4:2, натпреварот меѓу Бел Мерцедес и Кафе Бар 9 заврши без победник 0:0, а пак Мешеишта убедлио загуби од Здружение на Возачи Ресен со 2:5.

Со овие резултати, познати се сите парови за осминафиналето, кое започнува веднаш викендов:

  • 1/8 финале – распоред

Сабота 05.07.2025
21:00 Кампинг Љубаништа – Инитали
22:00 Топлина – Брумел

Недела 06.07.2025
20:00 Кафе Бар 9 – Бел Мерцедес (мајсторка)
21:00 Аце Најдески – Здружение на возачи Ресен
22:00 Асп Пак – Гранит Х

Понеделник 07.07.2025
21:00 Хотел и Спа Инекс Олгица – Мексико
22:00 Кафе Бар Коко – Вила Мина Ќе има се

Вторник 08.07.2025
21:00 Гостилница Кај Мече – Бел Мерцедес/Кафе бар 9
22:00 Сатеска – Чардак Велгошти

Очекувањата се големи – ова е фазата каде нема простор за грешки. Секој натпревар значи или чекор поблиску до шампинскиот пехар и дел од наградниот фонд од 500.000 денари, или пакување на куферите.

Спортска Мрежа, како медиумски покровител, и понатаму ќе ви ги носи сите резултати, случувања и атмосфера директно од Мешеишта.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име во составот е 20-годишниот Даниел Акинлосоту од Нигерија. Станува збор за...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на новиот тренер Марјан Србиновски, со што официјално ги започна подготовките за...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!