Трета лигаЧетврта лига

Победа Ивањевци со млади тим и неколку искусни играчи цели кон враќање во Трета лига – Југозапад!

Сподели
Сподели

Победа од Ивањевци која во минатото настапуваше во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, во новата сезона ќе атакува на враќање во третолигашкото друштво.

Победа Ивањевци во сезона 2021/2022 заврши на 14. место на табелата со 13 бодови од 16 екипи и испадна во Четвртата лига. За тековната сезона екипата на Победа Ивањевци состави млад тим, надополнет со играчи кои тренирале со Пелистер и кои настапувале во Втора и Трета лига, што практично значи спој на младоста и искуството.

„Екипата е составена од околу 20-тина играчи од кои десет се младинци од селото кои претходно имаат тренирано во Пелистер. Имаме неколку искусни играчи кои имаат играно во Втората лига во екипата на Новаци, како и четири до пет фудбалери кои имаат настапувано во Трета лига – Југозапад за екипата на Кравари“, рече тренерот на Победа Ивањевци, Драганчо Велевски за Спортска Мрежа.

На стартот од новата сезона Победа од Ивањевци има три од три за максимални девет бодови на своето конто. Покрај Победа од Ивањевци и екипата на Крошу Спорт од Битола ќе конкурира за првото место, па тоа значи дека Победа Ивањевци кон Крошу Спорт гледа сериозен кандидат во трката за првото место.

На голманската позиција на Победа Ивањевци е Дарио Велевски кој има тренирано во Пелистер, десниот бек Ардиџан Јакуповски, стоперите Арбен Алимовски кој претходно играше за Кравари како и Бојан Мартиновски, кој има тренирано во Пелистер. Во тимот е левниот бек Димитар Китанов, средниот ред го сочинуваат Горан Бонески и Ардијан Зуберовски, исто така поранешни играчи на Кравари и Никола Трајчевски кој во минатото настапуваше во Втората лига во тимот на Новаци.

Лево крило во нападот е Данил Паревски, кој во минатото тренирал во Пелистер и Андреј Паревски, како и Игор Китанов.

Дополнително во тимот се и Лирим Салиу, Бојан Цветаноски, Бојан Шаркоски, Димтиар Долевски, Ангел Спиркоски и Даниел Спасевски.

Се работи за млада екипа со неколку одлични и искусни поединци кои се лидери во екипата. Целта во новата сезона ќе биде влез во Трета лига – Југозапад. Екипата од Ивањевци настапува во Општинската фудбалска лига на Битола А1, или Четврта лига по ранг на натпреварување.

Победа Ивањевци сезоната ја отвори со триумф од 2:1 над Поешево, потоа во рамки на второто коло славеше над Партизан во гости со 2:5, а во рамки на третата рунда однесе победа од убедливи и високи 4:0 над Баир Спорт.

Викендот Победа Ивањевци ќе се соочи со хитот Јени Маале, кој дебитираше во фудбалскиот Куп на Македонија против тетовска Шкендија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!