Трета лигаФудбал

Слога Виница има одличен напад, Амедов и Ѓорѓиев се најдобри стрелци во Трета лига – Исток!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

По три одиграни кола во Трета лига – Исток екипата на Слога од Виница која е предводена од штипскиот стратег Емил Грнев е на врвот од табелата со максимални девет бодови на своето конто.

Некогашниот второлигаш од Виница го има најефикасниот напад со постигнати 14 погодоци, а има примено само два погодоци што има позитивна гол разлика од +12.

Дополнително Слога Виница која е главен фаворит за првото место и баражот за Втора лига ги има и најдобрите стрелци во своите редови. На листата на најдобри стрелци во Трета лига – Исток се Октај Амедов и Игор Ѓорѓиев со по четири постигнати погодоци.

Петар Илиев од Дојранско Езеро и двајцата фудбалери на Овче Поле, Дарко Нацев и Димитар Стојановски имаат по три погодоци.

Осум фудбалери имаат постигнато по два погодоци, а Живко Гоцев од Хоризонт Турново засега е единствениот со постигнат автогол.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!