Прва лигаФудбал

Башким Велиу е нов играч на Арсими!

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Новиот прволигаш Арсими продолжува сериозно да се подготвува за својата дебитантска сезона во елитата на македонскиот фудбал. Раководството на клубот интензивно работи на оформување на тимот, а најновото име во ростерот е искусниот дефанзивец Башким Велиу.

Триесет и едногодишниот Велиу доаѓа од редовите на Беса, а во својата досегашна кариера настапуваше за неколку реномирани клубови како Шкендија и Ренова, додека интернационално искуство стекна во албанскиот прволигаш Лачи. Станува збор за играч кој важи за сигурен и стабилен столб во одбраната, со изразена борбеност, лидерски способности и врвна физичка подготвеност.

Ангажманот на Велиу е уште еден показател за сериозните амбиции на клубот од Боговиње. Со неговото приклучување, Арсими добива значајно засилување на дефанзивниот план, но и играч со карактер и искуство кој може да биде од клучно значење во адаптацијата на тимот во најсилната конкуренција.

Клубот најави дека работата на трансфер-пазарот ќе продолжи, со цел да се изгради квалитетен и компактен состав кој ќе биде достоен ривал на секој противник во ПМФЛ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!