Турнири

Убедливи победи на Фурна Марфи и Црна Река на Петровденскиот турнир во Конче

Сподели
Сподели

Во рамки на втората натпреварувачка вечер на „Петровденскиот турнир“ во Конче, беа одиграни уште два натпревари, кои донесоа нови возбудувања и квалитетен мал фудбал под рефлектори.

Во првото дерби од вечерта, во радовишко соочување, екипата на Фурна Марфи продолжи со одлична форма и убедливо ја совлада Ресторант Гринс со резултат 6:1.

Во вториот натпревар, составот на Црна Река од Кавадарци покажа одлична тимска игра и го победи тимот на Стивал од село Лубница со 4:1, што им донесе важни бодови во групната фаза.

Турнирот, кој се одржува по 28-ми пат, и годинава го носи препознатливиот спортски дух на Конче, а финалето е закажано за 12 јули, на празникот Петровден.

Спортска Мрежа продолжува да го следи и медиумски да го покрива секој чекор од ова спортско случување, во организација на ФК Серта – Конче.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!