Турнири

Типлери, Здружение на возачи Ресен и Инитали со победи – „Петровден 2025“ влегува во клучни пресметки за следна фаза!

Сподели
Сподели

Фудбалската треска во Мешеишта не стивнува – понеделничката вечер на турнирот „Петровден 2025“ донесе четири нови возбудливи натпревари, важни резултати и уште поголема неизвесност во групите што сè уште го чекаат својот расплет. Атмосферата и натаму е на највисоко ниво – на терен и на трибините.

Инитали во цврст натпревар славеше со 2:1 против Том Гор, освојувајќи клучни бодови. Здружение на возачи Ресен во ефикасен меч ја победи екипата на Игор Бенд Бушиноски со 7:4. Типлери го добија директниот дуел со Ескобар Волино со резултат 2:4. Во последниот натпревар, Др. Баткоски беше подобар од Чардак Велгошти со 2:1 – уште една драматична завршница

Со ова, неколку групи се комплетираат, додека други добиваат нова неизвесност пред крајот. Турнирот продолжува со огромно внимание од публиката и медиумите, а „Спортска Мрежа“ е постојано присутна со целосна покриеност.

  • Распоред за вторник, 1 јули:

20:30 | Хотел и Спа Инекс Олгица – Виена Комерц
21:30 | Вила Мина Ќе има сè – Петровден Мешеишта
22:30 | Фурна Настоски и Форт Кафе – Сатеска

Очекуваме уште една вечер со дерби натпревари, кои ќе го заокружат патот до осминафиналето. Борбата продолжува, страста расте – „Петровден“ е повеќе од турнир, тоа е традиција, историја и спортска слава.

Спортска Мрежа – ексклузивен медиумски покровител на турнирот – останува на терен со сите информации и извештаи во живо!

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!