ИнтернационалциФудбал

Македонскиот голгетер блеска во Романија, Марко Ѓорѓиевски со нов погодок за Клуж!

Сподели
ФОТО: instagram/ cfrcluj
Сподели

Најдобриот стрелец од минатата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Марко Ѓорѓиевски, продолжува да ја демонстрира својата голгетерска форма и по преселбата во Романија.

Центарфорот на Клуж се запиша во листата на стрелци и на последниот контролен натпревар против чешкиот тим Чешке Будејовице. Ѓорѓиевски го отвори резултатот во 19. минута со прецизен удар, покажувајќи дека брзо се адаптира на новата средина.

Натпреварот заврши со убедлива победа од 3:0 за Клуж, а македонскиот напаѓач повторно беше во центарот на вниманието, потврдувајќи дека ќе биде голема сила во нападот на романскиот тим во претстојната сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!