Ракомет

ЖРК Куманово се засили со португалската бековска универзалка Маријана Азеведо

Сподели
ФОТО: ЖРК Куманово
Сподели

Женскиот ракометен клуб Куманово го официјализираше првото летно засилување за новата сезона, ангажирајќи ја 26-годишната Португалка Маријана Да Силва Азеведо.

Станува збор за искусна ракометарка која може да настапува на сите три бековски позиции, што ја прави важен тактички адут за кумановскиот состав. Азеведо доаѓа од редовите на АЕК Атина, а претходно во својата кариера ги носеше дресовите на Маја, Алавариум, Мадеира, Пилаја, ПАОК и АЕК.

Со богато меѓународно искуство и техничка зрелост, португалската интернационалка ќе има клучна улога во борбата на Куманово за високи цели во македонската Суперлига.

Од клубот истакнуваат дека се очекува Азеведо да донесе квалитет и стабилност во бековската линија и да биде важен дел од тимот во престојната натпреварувачка сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија меѓу третолигашот Могила и прволигашот Арсими. Мечот ќе се одигра во...

Втора лигаФудбал

Доне Ристовски ќе им суди на Детонит и Охрид, Дејан Младеновски на Тетекс и Работнички

Познати судиите кои ќе ја делат на двата одложени натпревари од 2. коло на Втората македонска фудбалска лига, кои ќе се одиграат в...

Поврзани написи
Ракомет

Прв женски ракометен форум во Охрид: Пет големи имиња на европскиот ракомет на едно место

Охрид во септември ќе биде во центарот на женскиот ракомет во регионот....

Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Хрватски предизвик за Бутел: Горица на патот кон третото коло!

Бутел Скопје доби балкански противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Охрид го доби противникот за второто коло од ЕХФ Европскиот куп!

Актуелниот освојувач на трофејот во ЕХФ Купот, ГРК Охрид, ќе се соочи...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!