Трета лигаФудбал

Превалец ја декласираше Слога, Големо Коњари слави над Венец, „петарда“ во Кривогаштани

Сподели
Сподели

Третото коло од Трета лига – Југ донесе многу погодоци, високи и убедливи екипи, а со тоа и дебакл на некои екипи.

Превалец во доминантен меч со апсолутна контрола над истиот стигна до убедлива победа од 6:0 над Слога, која немаше сили да парира во ниту еден момент од мечот.

Стефавноски и Ѓорѓиевски постигнаа по два погодоци, а пак Коџабанов постигна еден гол, додека пак Емир Каришиќ си постигна автогол.

Во дербито на колото меѓу Венец и Големо Коњари кое се одигра во Долни Дисан, Ерџан Ибраимоски со два гола во 11. и 76. минута ги обезбеди трите бодови за гостинскиот тим.

Обршани на домашен терен загуби од Питу Гули со 0:2, откако за гостинот од Крушево во второто полувреме двоен стрелец беше Филип Кукески.

Росоман и Дреново ги поделија бодовите откако одиграа 1:1. За поранешниот второлигаш по само шест минути Митров погоди за 1:0, а во вториот дел Мемедов погоди за конечни 1:1.

Во Кривогаштани „пукна петарда“ откако Младост со 5:0 го декласираше Влазними Јуниор. Натпреварот го решија Антонио Димоски кој постигна три гола и Дарко Чапкуноски кој постигна два гола.

На теренот со вештачка трева во Прилеп беа постигна десет гола, но немаше победник, откако Ултрас и Башкими 2008 ги поделија бодовите играјќи 5:5.

Свртиновски, Паноски, Мечев, Тошески и Тасески беа стрелци за домашниот тим, а за гостинскиот двапати погоди Ахмедовски, а по еден гол поситгнаа Лазами, Ахмедов и Јашари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 8. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!