Останато

Бронза за Љупче Михајлов на Светската младинска лига – блескава иднина за македонското карате!

Сподели
Сподели

Македонското карате добива нова светла ѕвезда Љупче Михајлов, член на Карате клуб Штип, успеа да се искачи на победничкиот пиедестал на еден од најпрестижните меѓународни карате турнири за млади – Светската младинска лига што се одржа во Пореч, Хрватска.

Во конкуренција од стотици елитни млади каратисти од целиот свет, Михајлов блесна со пет победи против врвни ривали од Холандија, Чешка, Австрија, Полска и Словачка, демонстрирајќи зрелост, техничка прецизност и извонредна борбеност. Секоја негова победа беше резултат на цврста тактика, брзи реакции и јасна концентрација  квалитети што го издвоија меѓу најдобрите.

Во полуфиналната борба, Михајлов се соочи со еден од најдобрите млади каратисти во светот актуелниот светски и европски младински шампион, Украинецот Питсул. Натпреварот беше крајно изедначен и возбудлив, Љупче двапати имаше водство, но на крајот загуби со тесни 5:3 – резултат кој и покрај поразот ја потврди неговата класа и потенцијал.

„Ова е огромен резултат и уште еден доказ дека сме на вистинскиот пат. Нашата цел останува јасна – медал од Европско и Светско Првенство. Презадоволни сме од настапот на Љупче“ истакнаа тренерите Жарко и Сашко Арсови.

Покрај Михајлов, и неговата клупска колешка Мила Панчева имаше забележителен настап. Таа оствари победа против противничка од Молдавија, но во следната рунда беше елиминирана од италијанска каратистка, по судиско гласање при резултат 0:0 – уште еден доказ за колку се тесни разликите меѓу најдобрите и за високиот квалитет на младинската лига.

Настапот во Пореч е силна мотивација за младите каратисти од Македонија и потврда дека вложувањето во талентирани спортисти веќе дава резултати. Карате клуб Штип и понатаму останува расадник на шампиони и надеж за идни интернационални успеси.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!