Останато

Калин Ивановски запрен во полуфиналето на ИТФ фјучрсот во Загреб

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на ИТФ фјучрсот М15 Загреб во полуфиналната фаза, откако беше поразен од искусниот Мирза Башиќ од Босна и Херцеговина со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) по 95 минути игра.

Мечот беше крајно изедначен (вкупно 67:61 во поени), но пресуди поголемата искуствена стабилност на 33-годишниот Башиќ. Во првиот сет, одлучувачки беше брејкот во петтиот гем, со кој Башиќ поведе со 3:2 и ја задржа предноста до крајот.

Во вториот сет се водеше поголема борба. Башиќ повторно дојде до брејк во петтиот гем, но Ивановски веднаш возврати со ри-брејк за 3:3. Сепак, при 4:4, Башиќ направи уште еден брејк, а во следниот гем Ивановски имаше можност да се врати со брејк топка, но противникот ја спаси и го затвори мечот во своја корист.

И покрај поразот, настапот во Загреб претставува солиден резултат за Калин, кој од понеделник ќе настапи на нов турнир – Челинџер 50 во францускиот град Троа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!