Трета лигаФудбал

Преспа го декласираше Кораби, Сатеска убедлива, реми на Светлост и Караорман

Сподели
ФОТО: ФК „Св. Троица“ - Охрид
Сподели

Во рамки на 3. коло од Трета лига – Југозапад екипата на Преспа на Градскиот стадион во Ресен преку двата погодоци на Пластиновски и едниот гол на Реџепи стигна до победа од 3:0 над шампионот Кораби кој лани не го помина баражот за Втора лига.

Натпреварот беше решен доцна односно во 77. минута Пластиновски постигна гол за отварање на резултатот, а пак во 83. минута погоди за 2:0. Три минути подоцна Реџепи го постави конечниот резултат.

Сатеска на домашен терен во Волино со 4:2 го доби Демир Хисар, во меч каде за домашниот тим двоен стрелец беше Никола Секулоски, а по еден гол за домаќинот постигнаа Цветаноски и Богданоски.

За гостинскиот тим по еден гол постигнаа Китановски и голгетерот Стефан Каревски.

На теренот во Кукуречани домаќинот Светлост одигра 2:2 против ланскиот второлигаш Караорман.

За стружани кои лани како последни испаднаа од Втората лига на денешниот меч настапија само со 11 играчи без ниту една измена, што само по себе говори дека Караорман е во многу тешка ситуација од играчки аспект.

Александар Кочишки во 22. минута погоди за 1:0, а дури во 75. минута Игор Клечкароски израмни на 1:1 со гол од пенал. Пет минути подоцна Филип Бучински постигна гол за 2:1 и ново водство на домаќинот, а во 88. минута Ненад Попоски обезбеди бод за Караорман.

Евротип со 3:0 го надигра новиот третолигаш Света Троица 2021 од Охрид, во меч каде Владе Јанакиевски со два погодоци обезбеди 2:0 на полувреме за домашниот тим, а во вториот дел Кузманов ги постави конечни 3:0.

Велешта и Влазними одиграа неизвесен меч со седум погодоци каде домашниот тим со 4:3 беше подобар со што во локалното дерби три бодови останаа во Велешта.

Беким Бекси беше двоен стрелец за домашниот тим, а по еден гол постигна Диели Каба и Шпетим Каба. За гостинот стрелци беа Насер Доко во 12. минута, а потоа двата погоди Денис Шадов.

Славеј во Мешеишта одигра 2:2 против Кравари откако успеа да стигне до бод. Емини со два гола обезбеди 0:2 за гостинот на полувреме, а домашниот тим преку Аќимовиќ и Јордески стигна до 2:2 и бод.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Некатегоризирано

Камлес Градба однесе две високи победи, Капе Верде со висок пораз во Чардаклија

Екипата на Камлес Градба забележа две победи вечерва на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија, откако на првото меч со 6:4 го доби...

Турнири

Фреигхт Оне во моќно издание на турнирот во Ораовица, Вергови постигна девет гола за убедлива победа

Нови натпревари, нови возбудувања и многу погодоци и вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, а екипата на Фреигхт Оне однесе две...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тодоровски: Ова е многу важен триумф за нас, успеавме да ја надиграме Брегалница

Вардар победнички ја отвори новата сезона во која ќе ја брани титулата,...

Втора лигаФудбал

Кожуф минимално го доби Новаци на пријателски меч, Ашовалиев стрелец на погодокот

Второлигашите Кожуф и Новаци одиграа пријателски натпревар кој заврши со минимална победа...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица се засили со Зоран Андонов и Асан Рифадов

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш продолжува со екипирање на тимот за новата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!