Трета лигаФудбал

Напредок ја декласираше Ренова, Џепчишти пресилен, Влазерими ја доби Дрита

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977 | АРХИВА
Сподели

Денес се комплетираше 3. коло од Трета лига – Север, кое беше отворено вчера со триумфот на Тетекс од 2:4 над Зајази, за што веќе информираше Спортска Мрежа.

Во денешното дерби на екс прволигаши Ренова беше декласирана во целост од Напредок од Кичево, откако мечот заврши со триумф од 0:4. Котевски беше двоен стрелец за гостинот од Кичево, а по еден гол постигнаа Исмаили и Мирчески.

Камјани во интересен и неизвесен меч славеше со 3:2 над Вардар Брвеница. Берзати беше двоен стрелец за домашниот тим, а еден гол постигна Мемеди. За гостинот Михајловски беше двоен стрелец.

Новиот третолигаш Доброшти со голот на Бетим Етеми славеше минимална победа на гостински терен над Речица.

Шампионот Влазерими со 2:0 го доби дуелот со Дрита на домашен терен. Албулен Имери во 13. минута погоди за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Мирлинд Ибраими ги постави конечните 2:0 за нови три бодови на Влазерими.

Џепчишти со високи и убедливи 0:3 го декласираше Велазерими од Слатино на гостински терен. Синани, Саљиу и Абдии погодија за триумф на Џепчишти.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!