Ракомет

Верни на „лавиците“ – Ѓорче Петров ја продолжи соработката со Кадиату и Мацире

Сподели
ФОТО: ЖРК Ѓорче Петров
Сподели

Актуелниот македонски шампион во женскиот ракомет, ЖРК Ѓорче Петров, продолжува со креирање конкурентски состав за новата сезона. Клубот од Ѓорче ја потврди продолжената соработка со двете интернационалки од Гвинеја – Санкон Кадиату и Камара Мацире, кои ќе останат дел од „лавиците“ и во сезоната 2025/26.

Кадиату, која има 20 години, игра на позицијата десно крило, додека Мацире, која е 19-годишна ракометарка, настапува како десен бек. Двете странски засилувања пристигнаа на стартот на минатата сезона, се покажаа како значајни фигури во ростерот на Ѓорче Петров и настапија на двата европски натпревари во Лигата на Европа, како и во домашниот шампионат.

Со нивното останување, клубот ја задржува јадрицата од шампионскиот тим и испраќа јасна порака дека целите остануваат високи и во новата натпреварувачка година.

Во меѓувреме, клубот веќе ги потврди и продолжените договори со Бразилската голманка Флавија Габина, Емилијана Ризоска, Мила Ѓорѓиевска, како и со Милица Николиќ, Катерина Дамјаноска и Ива Велкова.

Дополнително, Ѓорче Петров ги промовираше новите засилувања, меѓу кои се сестрите Борјана и Бојана Коцева, голманката Марија Јовановски, Стефанија Ѓорѓиевска (лево крило), пивотот Анастасија Трпеска, како и бугарската интернационалка Стефани Пламен Петрова.

Со стратегија за стабилност и засилување во клучни линии, Ѓорче Петров продолжува да гради тим кој ќе биде конкурентен и на домашна, но и на европска сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар денес гостува во Богданци, Младост ќе има поддршка со полна сала

Вечерва во 18 часот во Богданци ќе се одигра натпреварот од третото коло на Супер лигата меѓу Младост и Вардар, се очекува полна...

Трета лигаФудбал

Саса оди по три бода во Пирава, дерби на Овче Поле и Малеш, Огражден ќе го предизвикува Хоризонт Турново

Второто коло од Трета лига регион 3 носи неколку интересни средби, каде се очекува голема борба за освојување на бодовите. Овче Поле кој...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар денес гостува во Богданци, Младост ќе има поддршка со полна сала

Вечерва во 18 часот во Богданци ќе се одигра натпреварот од третото...

Ракомет

Костов лидер, Мате веднаш зад него: Топ 10 стрелци по две одиграни кола во Супер лигата

По две одиграни кола во новата сезона од Супер лигата, охриѓанецот- Наум...

Ракомет

Младеновски: Вардар е огромен мотив, пред домашната публика ќе дадам сè од себе

Поразот остава разочарување кај екипата на Младост, откако беше блиску до првото...

Ракомет

Дерби на Вардар Неготино и Пролет, Драчево Јуниор гостува во Радовиш, Аеродром против Овче Поле

Втората рунда од Првата ракометна лига носи четири средби кои ќе бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!