Турнири

ВИДЕО: Познати првите четвртфиналисти – Нетто Маркети и Балкан Профил убедливи, во следна фаза и ИВЗ Струга и Самир Муртезоски

Сподели
Сподели

Со одигрување на првите четири осминафинални натпревари вечерва во Лабуништа, турнирот влезе во најдраматичната фаза, каде нема повеќе калкулации – само победа значи продолжување. Љубителите на мал фудбал уживаа во одлични натпревари исполнети со голови, емоции и неизвесност.

Вечерта започна со убедлива победа на Нетто Маркети, кои ја продолжија доминантната форма и го совладаа тимот на Демо Пласт со високи 9:2. Екипата уште еднаш демонстрираше неверојатна офанзивна моќ и со ова влегува меѓу најголемите фаворити за титулата.

Во вториот натпревар, Балкан Профил покажа стабилна и организирана игра, победувајќи го ХТМ Про Вин со 4:0. Без многу драма, Балкан Профил си го трасира патот кон четвртфиналето и ја потврди својата серија без пораз на турнирот.

Третиот натпревар беше доста неизвесен, со шанси на двете страни, а на крајот екипата на ИВЗ Струга победи со 4:2, елиминирајќи го еден од најконзистентните тимови во групната фаза, екипата на Мечо Транс.

Последниот натпревар вечерва беше најнеизвесен. Самир Муртезоски во голема борба го победи тимот на Деко Лукс и Ресторан Лабуништа со 3:2, во меч полн со енергија и големи шанси на двете страни. Тимот на Самир со ова ја потврди својата сила и се вброи меѓу најдобрите осум.

  • Натпреварите продолжуваат – остануваат уште четири осминафинални пресметки

Утре ќе бидат одиграни и останатите четири осминафинални средби, по што ќе бидат познати сите четвртфиналисти на годинашниот Меморијален турнир.

  • Награден фонд:
  • 🥇 Прво место – 2.000 евра

  • 🥈 Второ место – 700 евра

  • 🥉 Трето место – 300 евра

Спортска Мрежа продолжува да биде медиумски покровител на овој голем настан во Лабуништа. Следете нè секојдневно за најнови резултати, извештаи и фотографии од натпреварите – македонскиот спорт на едно место!


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!