Втора лигаФудбал

Беласица и Вардарски единствени второлигаши без триумф по шест кола!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По шест одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига само Беласица и новиот второлигаш Вардарски немаат триумф. Беласица по шест кола има скор од еден пораз и пет ремија во низа, а пак Вардарски има скор од две ремија и четири порази.

Беласица која настапува со млади играчи и сака да изгради млад тим со кој ќе се носи во иднина надополнет со неколку искусни играчи во новата сезона тргна со пораз од Арсими (4:2), а потоа во низа следуваат ремија против Вардар Неготино (2:2), Охрид (1:1), Победа (1:1), Башкими (1:1) и Новаци (0:0).

Вардарски како повратникот во Втората лига после 27 години тргна со реми против Скопје (2:2), следуваше пораз од Кожуф (1:3) во дербито на Југот, реми со Детонит Плачковица (1:1) во Радовиш и три последователни порази од Борец (3:1), Брегалница (1:2) и Македонија ЃП (0:2).

Двете екипи имаат и негативна гол разлика, Беласица има седум постигнати и девет примени погодоци или минус два, а пак Вардарски е со уште полоша гол разлика од шест постигнати и 13 примени погодоци за гол разлика од минус седум.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Загревање на тимот на Вардарски пред мечот со Кожуф

Сепак, Вардарски во новата сезона има скромни амбиции да успее да стигне до баражот. Екипите кои обезбедуваат пласман во Втора од Трета лига имаат тежок период во првата сезона да се адаптираат на посилната конкуренција и нивото на игра, Вардарски извлече два бодови од тешки противници имаше и тешки натпревари.

Беласица во новата сезона гради тим со млади играчи, промовира млади играчи од својата школа, а тоа го „наплаќа“ со ваквите резултати, но струмичкиот тим е трперлив кон градењето на тимот и промоцијата на младите играчи, но во следниот период повеќе од јасно е дека резултати ќе дојдат на долгорочен план.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

ФудбалФутсал

Проект со позитивна атмосфера патува за Грац, македонскиот шампион подготвен за ЛШ!

Македонскиот футсал шампион Проект со позитивна атмосфера и големи амбиции патува за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!