ФудбалЧетврта лига

Кул со десет погодоци го декласираше Вардар 75

Сподели
Сподели

На стартот од новата сезона во Општинската фудбалска лига Кисела Вода или Четврта лига, екипата на Кул со 10:0 го декласираше тимот на Вардар 75.

Во натпрвар на тотална доминација Кул стигна до голем триумф. На полувреме резултатот беше 3:0, а во вториот дел Вардар 75 во целост потфрли.

Никола Ѕурѕу беше двоен стрелец, заедно со Горјан Манасиевски, по еден гол постигнаа Стефан Здравески, Ангел Петрушевски, Леониод Џајкоски и Никола Николов и Кристијан Цветановски, додека пак Кристијан Димовски си постигна автогол.

Првото коло ќе се комплетира денес. Слободен на домашен терен ќе игра со Студеничани, Младинец против Текстилец, Зелениково ќе игра со ланскиот третолигаш ССК Нова, а пак Победа против Славија Пржино.

Во новата сезона во ОФЛ Кисела Вода се натпреваруваат десет екипи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 8. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!