Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Кошаркарите на Македонија У16 ќе настапат на Европското првенство во Скопје – објавен поширокиот список на селекторот Нермин Пепиќ

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија до 16 години ќе настапи на Европското првенство – Дивизија Б, кое ќе се одржи во Скопје, во периодот од 7 до 16 август.

Селекторот Нермин Пепиќ го објави поширокиот список од 22 млади кошаркари кои ќе ги започнат подготовките за овој голем предизвик. Првиот собир е закажан за 25 Јуни (Среда), кога репрезентативците ќе го започнат тренинг-процесот со цел да се подготват најдобро за натпреварите на домашен терен.

Настапот пред македонската публика претставува голема шанса и мотивација за младите кошаркари, а Федерацијата очекува голема поддршка од трибините за идните надежи на македонската кошарка.

ПОШИРОК СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ У16  ЗА НАСТАП НА ЕП-ДИВИЗИЈА „Б“ СКОПЈЕ СЕ:

Теон Бошковски – Almeria

Дино Беговски – Telekom Bon

Александар Сотир – Elche

Павел Ѓиновски – SBA Academy

Кристијан Андреев – CSKA Sofia

Христијан Божиновски – ИБА

Марко Солев – ИБА

Лука Милошевски – ИБА

Виктор Бојаџи – ИБА

Војдан Чадиновски – Вардар

Давид Рајковски – Вардар

Павел Пановски – Работнички

Стефан Илиев – Работнички

Марио Тодоровски – Феникс 2010

Дион Шабани – Црн Дрим

Кристијан Коцевски – Борец Баскет

Михаил Анѓеловски – Водно Санс

Никола Костов – Водно Санс

Филип Оцепек – МКК Куманово

Димитар Сисиркоски – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Јованов – МЗТ Скопје Аеродром

Лука Чучанов – Кожув

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!